Ваш дом... Ваша приказна!
Уживањето дома е целосно, само кога секое парче мебел совршено се вклопува и ја раскажува Вашата приказна.
Секој момент во Вашиот дом е ваша лична привилегија. Ние сме тука да се вклопиме во Вашата приказна.


Квалитетот сега има друго име - Mondivi
Техничко-технолошкиот процес како основа ги следи најновите иновации и светски практики во производството на мебел. Користиме smart штофови со одлични карактеристики, чиста италијанска говедска кожа со дебелина и до 1,6мм, полнење од високоеластичен HR сунгер или силиконски влакна.

За дизајнот на Mondivi
Дизајнирано да биде безвременско, практично и да предизвика внимание.
Mondivi е создаден од искусни авангардни дизајнери имајќи ги во предвид барањата и потребите на модерниот купувач.


Семејство кое расте со Вас
Повеќе од 5 години заедно осмислуваме нови начини на употреба на гарнитурата во домот. Во овие тешки услови на пандемија поминуваме и повеќе време заедно и затоа сметаме дека гарнитурата стана центар на повеќето наши активности. Заедно ќе продолжиме да креираме, иновираме и уживаме во нови убави приказни.

Колекциите на Mondivi
Портфолиото на MONDIVI опфаќа Classic, Relax и Еditions модели.
Повеќе за ова прочитајте на страната Колекциите на Mondivi.