Совети за максимално искористување на помал простор

Доколку имате мала дневна соба, не мора во неа да се чуствувате како да е преполна и тесна, туку напротив - со одбирање на вистинскиот мебел и неколку трикови за уредување, можете да создадете пријатен  простор, без оглед на големината на Вашата соба.
Еве неколку добри идеи за да го максимизирате просторот и да го прилагодите на Вашиот животен стил:


1. Минималистички пристап
Дали сте слушнале за изреката “помалку е повеќе’’, применете ја!
Ослободете се од габаритниот и голем мебел, декорирајте и уредете во посовремени стилови. Директните линии и палетата со неутрални бои можат да му дадат на малиот простор прекрасно чувство.
Бидете едноставни и практични.


2. Користете СЕТ клуб маси кои се собираат
Повеќето од нас сакаме да имаме големи клуб маси на кои ќе уживаме во омилениот пијалок со гостите, пријателите. Оваа можност ќе ја имате со овие клуб масички, кои во секој момент можете да ги расклопите и да добиете дополнителен простор.
Во другиот дел од денот, склопете ја масичката и просторот во истиот момент ќе стане поголем и ненатрупан. 

 

3. Користете илузии
Илузиите можат да создадат изглед на повеќе простор за Вашата соба да изгледа поголема. Обидете се да ја опремите просторијата со мебел што Ви е потребен и не зазема многу простор.
Друг начин да користите илузии за да создадете изглед на повеќе простор е да ги поставите покривките на прозорците повисоки од очекуваното (од нивната оригинална големина). Завесите треба да бидат проѕирни и светли со што ќе создадат дополнително просторно чувство.


4. Средете го нередот
Ништо не прави една соба да изгледа помала од многу неред.
Не дозволувајте Вашата дневна соба да е несредена и со многу украси.
Украсете само со неколку поголеми украсни предмети за да и дадете на собата чувство на дополнителен простор. Мало бифе или фиокар ќе и даде дополнителна убавина на просторијата, а истовремено дополнителен простор за складирање на работи.

5. Огледала
Во мала соба е подобро да се користи едно големо огледало, но ставете го така што ќе го одразува главниот дел од просторијата и прозорецот.
Во дневната соба, проблемот со недостаток на осветлување лесно се решава со помош на огледала. Најдобро е за дизајнот на дневната соба и проширувањето на просторот да се користи големо огледало нормално на прозорецот, а исто така и одразот на дневната светлина ќе ја направи собата многу полесна. Можете да направите ѕид од огледалото спроти прозорецот - тогаш собата ќе стане уште попространа, бројот на убави нешта визуелно ќе се зголеми.


Ви посакуваме успех во уредувањето на Вашата нова дневна соба!
#Mondivi #Mondivi_collection_2021

Галерија