За Вас кои барате мебел за Вашиот дом, Ви ја препорачуваме Mondivi_accessories_2021.
НОВА колекција ексклузивен мебел за Вашиот дом. Секое парче мебел од оваа колекција освен што ја врши својата примарна фукнција, истовремено претставува и УКРАС во домот. Разубавете го Вашиот дом и уживајте во секој миг поминат дома.
Нашиот тим неуморно работи во делот на дизајн, но истовремено и висок квалитет.
Ексклузивноста и квалитетот, заедно со италијанскиот шмек се главните одлики на Мондиви Колекцијата 2021.
Колекција Арес
Инспирирајте се од дизајнот.
Целата колекција е олицетворение на отменост, стил, грациозност.
Златните елементи се проткајуваат во секое парче мебел од оваа колекција која ја има во 2 бои – Орев и Бела.
Колекцијата е изработена од специјален медијапан со декоративни златни елементи.
Сите овие модерни дизајни може идеално да оформат една целина, комплетирана со веќе докажаниот дизајн и квалитет на
Мondivi.
Производи кои овозможуваат ново, модерно уредување наменето за оние кои бараат нешто поинакво и уникатно и од аспект на дизајн и од аспект на квалитет.
За да внесеме топлина во Вашиот дом, ТВ комодата од овој сет има апликација за камин.
Колекција Рома
Mondivi_2021 со себе носи нов концепт. Концепт со кој Вашиот дом ќе цвета во раскош, убавина, а истовремено ќе внесува спокој и убавина.
Рома е колекција од комоди, маси, огледала, трпезариски мебел изработен по најнова технологија.
Елементите се изработени од исклучиво квалитетен медијапан со посебна постапка со што се добива уникатна структура на медијапанот. Површина изработена од висококвалитетна фолија која е отпорна на вода, влага и удар.
Со златни или сребрени апликации и хромирани ногари.
Дизајнот ќе Ве освои на прв поглед.
Достапна е во три комбинации:
- Антрацит со Светло Сива
- Светло Сива со Златна
- Светло Сива со Никел
Стилското живеење е одлика на модерниот човек, стилското живеење е одлика на најновата колекција
Mondivi_accessories_2021.
Благодарение на квалитетот и флексибилноста на производите како и можноста да ги вклопи своите производи во најразлични социјални и културни контексти MONDIVI е водечки бренд за луксузен мебел во многу земји ширум Европа.