Smart штофови, Карактеристики и Стилови

За MONDIVI производите од самиот почеток користиме прва класа штофови со најновите дезени, избирајќи ги и најдобрите суровини од најквалификуваните светски добавувачи. Секогаш ги следиме светските трендови и постојано вложуваме во иновативни новитети.
Оваа година претставуваме уште една иновација која ја воведовме први на македонскиот пазар, а тоа се Smart штофовите за изработка на тапациран мебел.
 

Заедно пронаоѓаме места за мали и убави работи, како радост, среќа и најважно од сè, повеќе време за уживање во секој момент.



Smart Водоотпорни штофови
Овие штофови имаат специјален заштитен слој со хидрофобични својства за да спречи апсорпција на течности. Тоа овозможува задржување на течноста во вид на капки на површината од штофот наместо нејзино апсорбирање во штофот. Благодарение на ова, имаме доволно време за нежно да ја остраниме истурената течност со помош на мека или кујнска крпа.
Истовремено изборот на дезени на овие штофови зрачат со елеганција и исклучителност, што на секоја софа и дава уникатност, целина и истовремено природен изглед.



Smart Easy Clean штофови
Штоф со својство за лесно чистење кој благодарение на површинските наночестички ефективно го блокира навлегувањето на нечистотијата. Технологијата „лесно чистење“ овозможува отстранување дури и на тврдокорни дамки без употреба на хемиски средства за чистење, едноставно со користење на вода. Благодарение на оваа технологија, дамки од кечап, кафе или мастило лесно може да се отстранат.
Оваа карактеристика го издвојува овој тип на материјали од останатите на пазарот, и за многу брзо време стана популарен и препознаен од купувачите. Сега Вашата софа освен што е пријатна на допир, претставува и извор на свежина и чистота.



Smart Pet friendly штофови
Штоф кој ги комбинира функционалностите „лесно чистење“ и „pet friendly“. Овие карактеристики овозможуваат лесно отстранување на влакната од животинско потекло, истовремено спречувајќи го навлегувањето на нечистотијата во штофот.
Најновите истражувања покажаа зголемен интерес за ваков вид на штофови и со ова конечно ги исполнуваме потребите на многу сопственици на миленичиња, кои отсекогаш барале штоф кој ќе биде водоотпорен, од кој лесно ќе се отстранат дамките и влакната, а истовремено e и отпорен на гребење.



Сите штофови што ги користи MONDIVI гарантираaт извонредна пријатност и висока прилагодливост на која било форма и дизајн. Тим од дизајнери и врвни мајстори го моделираат секое парче мебел и имаат привилегија да бидат првите што ќе го видат плодот на комбинираните напори на целиот процес на изработка на вискоко квалитетна гарнитура. Токму нивното знаење и искуство ја гарантира одличноста на MONDIVI гарнитурите.
 

Ова надополнето и со голема ергономичност и анатомски механизми навистина внесува свежина на пазарот и во секој дом на нашите ценети клиенти.
 
Откријте ја целата колекција на MONDIVI!