Исклучителна удобност, супер карактеристики, повеќе функционалности – се само неколку работи што ги добивате со купување на релакс фотелја.
Во последно време популарноста на релакс фотелјите е во пораст. Начинот на кој фотељата користи ограничен простор за да Ви обезбеди максимална удобност е навистина извонреден.
Па така, ако купувањето релакс фотеља е мудар избор, изборот на вистинската и соодветната фотеља е предизвик. Потребно е да проверите и да видите дали фотелјата одговара на вашето тело и на вашите услови за удобност. Погрешен стол/фотелја може да ви донесе повеќе здравствени проблеми како што се болки во грбот, лошо држење на телото, итн.
Специјално за Вас подготвивме список со совети што мора да ги имате во предвид за да изберете релакс фотелја која ќе биде соодветна за Вас.
1. Колкав е Вашиот простор?
Пред да започнете да барате релакс фотелја, измерете ја вашата дневна соба за да добиете јасна претстава за просторот во кој треба да ја поставите. Релакс фотелјите се достапни во повеќе големини. И бидејќи ќе ви треба и дополнителен мал простор за да ја отворите и спуштите фотелјата, паметно е да го измерите расположливиот простор и соодветно да се одлучите за релакс фотелја.
2. Уверете се дали Вашето тело се вклопува како што треба
(како што Вие сакате)
Сите модели кои ги нудиме се одлични, но не секоја одговара на вашиот тип на тело. Кога гледате релакс фотелји, поминете некое време седејќи во нив и забележете како тие се вклопуваат со вашето тело. Дали нозете се допираат до подот додека седите? Дали сте во можност удобно да ја потпрете главата на потпирачот за глава? Овие работи се важни ако сакате најдобро искуство со релакс фотелјата. Забележете дали потпирачот за нозе ги поддржува вашите потпетици на правилен начин. И лумбалната поддршка мора да биде совршена, т.е. не премногу мека и премногу тврда.
3. Одберете ја вистинската ткаенина (штоф/природна кожа/еко кожа)
Ако ткаенината oд која е изработена вашата релакс фотелја не Ви е пријатна и удобна, тешко дека некогаш ќе се опуштите во неа.
Одберете тоа што Вам највеќе ви одговара.
Ткаенината (штоф/природна кожа/еко кожа) мора да ги задоволува вашите барања и очекувања, но и да одговара на вашиот предвиден буџет. MONDIVI нудат квалитетни релакс фотелји по најдобра цена за релакс фотелји во Македонија.
4. Одберете максимален квалитет и издржливост
Купувањето на релакс фотелја е добра инвестиција. Сепак, треба да купите добра и квалитетна релакс фотелја која ќе ја користите подолго време. Затоа, при купување на релакс фотелја обрнете внимание на следново:
- 4- страна рамка. Некои релакс фотелји имаат двострана или тристрана рамка, што е во ред, но овие фотељи немаат добра издржливост кога се под притисок. На пример, повеќето луѓе вршат притисок со рацете на својата фотелја додека стануваат. Оваа практика може да предизвика двостраните или тристраните рамки да се искриват, разделат и да се истрошат предвреме. За да направите простор за дополнителна толеранција и поголема издржливост, вашата фотелја треба да има 4 странични рамки.
- Мрежен слој: Потребно е да има убаво дефиниран мрежен слој помеѓу пружините и перниците на Вашата релакс фотелја. Овој слој е важен затоа што ја извршува работата на распределување на тежината рамномерно на површината за да не дојде до абење на седиштето поради пружините. •
- Севкупна конструкција: Додека ја разгледувате фотелјата, погледнете одблизу колку добро е конструирана истата. На пример, видете дали рачките се лесни за употреба и ракување. Каков вид на завртки се користени за производство и дали моторите се тивки или не.
5. Одберете го Вашиот тип Релакс Фотелја
Кога станува збор за избор на тип на релакс фотеља Mondivi_Relax нуди повеќе опции. Може да купите со електричен или механички релакс механизам, можете да одберeте лифт механизам итн.
Во зависност од тоа каде планирате да ја поставите во вашиот дом, релакс фотелјата мора да обезбедува максимална удобност која Вам ви е потребна.
Вистинската Релакс фотеља ќе биде вашиот најдобар пријател за цел живот.
MONDIVI-Relax е Вистинскиот избор!
Удобен одмор со MONDIVI-Relax!