Kaде да ја поставите Вашата гарнитура?

Доколку сакате да внесете свежина во Вашата дневна соба,
Ве покануваме да го разгледате нашиот избор на модерни и удобни сет гарнитури.
www.mondivi.mk/garnituri-3-2-1/
Како што можете да видите во нашата галерија ќе најдете најразлични сетови:
Сет 1: Тросед+Тросед+Фотеља
Сет 2: Тросед+Двосед+Фотеља
Од истите сетови нудиме и посебно тросед, фотеља.

Гарнитурите кои ги нудиме се во повеќе стилови.
Разновидноста во изгледот на нашите гарнитури гарантира дека имаме сет што совршено ќе го надополни Вашиот ентериер.
 
Во многу случаи, троседот е најголемото парче мебел во просторијатa, токму затоа најбитно е најпрво да го позиционирате него. Главниот фокус во просторијата – дневната соба е на троседот, па при уредувањето започнете со него, а потоа со поставувањето на останатиот мебел.

Визуелна рамнотежа
Со оглед на тоа што повеќето троседи стојат на поголемата страна во просторија, важно е да избегнувате да го ставате троседот на место што ќе направи просторијата да изгледа неизбалансирана.
Вашата дневна соба ќе остане визуелно избалансирана со поставување мебел со еднаква тежина наспроти Вашиот тросед. На пример: две фотељи и голема клуб маса наспроти.

Слободно движење
Секогаш кога уредувате, неопходно е да се има предвид слободното движење низ просторијата.
Вие не сакате да го направите Вашиот дневен престој простор со прескокнување пречки, па затоа поставете го Вашиот тросед и другите парчиња мебел на начин што ќе им овозможи на луѓето лесно да се движат во просторијата.
Правило е да оставите барем еден метар простор помеѓу парчињата мебел, така што Вие и Вашите гости ќе можете да се движите без да се грижите дали ќе се удрите или ќе расипете нешто.

План за подот
Ако Вашиот дом има отворен план (дневната е поврзана со трпезаријата и кујната) можеби е тешко да се утврди од каде завршува еден простор, а почнува друг.
Правилното поставување на троседот може да помогне за да се дефинира од каде започнува Вашиот дневен простор за живеење и да го направи просторот различен од другите области како што е Вашата кујна. Едноставно поставете го троседот така што грбот е завратен со наредната просторија пример - трпезаријата и неговиот преден дел е во правец на Вашата Дневна.

Просторни илузии
Многу често луѓето прават грешка кога го поставуваат својот мебел по ѕидовите на просторијата.
Доколку немате друг избор  и ако Вашата дневна соба е мала, имате шанса да создадете илузија на простор при што дневната ќе изгледа поголема, само ако го повлечете троседот 30цм од ѕидот.

Удобности
Дали Вашата дневна соба има удобности како камин, голем прозорец со убав поглед или телевизија?
Ако е така, позиционирањето на троседот е лесно, ставете го наспроти еден од нив.

MONDIVI  гарнитурите се достапни за да ги реализираме сите Ваши потреби за избор на гарнитура, тросед, фотеља. Без разлика дали станува збор за мал или голем простор Ви нудиме гарнитури со разни димензии. Изборот на материјали и бои дополнително Ви нудат слобода во уредувањето на Вашето царство – Вашиот Дом. 






 

Галерија