Приказната за MONDIVI

Долгогодишното искуство во дизајнирањето и производството на мебел не натера да создадеме нешто ново – еден целосно нов концепт на нашиот пазар. Идејата е да се понуди бескомпромисен квалитет, материјали од врвни производители од светот, дизајн создаден од авангарден дизајнерски тим и услуга која подразбира целосно задоволство на нашиот купувач. Така се роди MONDIVI брендот, кој веќе почнува да го зазема своето место на нашиот пазар и претставува предвесник на пазарните трендови во Македонија. MONDIVI брендот нуди целосни и практични решенија за своите клиенти, и веќе опфаќа голем број аголни и седечки гарнитури, лежаи, клуб и тв програм, како и трпезариски програм.

Вработени

Со висока свест за неизмерната вредност на човечкиот потенцијал, „MONDIVI“ голема важност им придава токму на вработените, чија едукација и усовршување се смета за приоритет кога станува збор за квалитетни производи и квалитетни услуги

Развој

Постојаниот развој во работењето го смета за неопходен. Токму затоа, не се пропуштаат можности како за надградба и развој на вработените на професионален план, така и за раст и развој на нашата фирма. „MONDIVI“ својот развој го осигурува следејќи ги светските трендови и развојот на пазарот присуствувајќи на најголемите саеми за мебел во светот, но и слушајќи ги потребите и желбите на домашните купувачи преку истражувања и анализи на пазарот.

Професионалност

Извршување на работата со најголема одговорност, секогаш имајќи ги превид желбите и интересот на купувачите.
Поединечните вредности на секој член на професионалниот тим на „MONDIVI“ се споени во една целина и на тој начин сочинуваат движечка сила на дејствувањето и желбата за постојан напредок.

Грижа за купувачите

За „MONDIVI“ сите купувачи се важни – како актуелните, така и потенцијалните. Грижата за купувачите постојано се држи на високо ниво. Секој вработен ги извршува своите работни обврски постојано имајќи го на ум задоволството на купувачите.