Достава на производи

Доставата на производите Мондиви е бесплатна на целата територтија на Р.Македонија.
Доставата на мебелот се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите, и купувачите секогаш се известени пред испораката на мебелот;
Истоварот и внесувањето на робата е обврска на купувачот;
Нарачките кои не се исплатени во целост пред доставата не се доставуваат;

Монтажа на производи

Монтажата на купената стока ја овозможуваме под следните услови:
Монтажата на кујните од сопствено производство изработени по нарачка е бесплатна;
Монтажа на комплетна Детска соба извршена од Мебел-Ви се наплаќа 2.500 ден;
Монтажата на Плакари извршена од Мебел-Ви се наплаќа 2.500 ден;
Монтажа на комплетна Спална соба извршена од Мебел-Ви се наплаќа 4.000 ден;
Комодите, закачалките, трпезариските маси, сандачињата, блок кујните и сличните производи се продаваат и доставуваат спакувани во пакети. За добивање на овие производи монтирани се наплаќа 1.300 денари за монтирање во фабрика, додека за монтирање на блок кујна во фабрика се наплаќа 2.500 денари. Монтирањето на комоди во домот на купувачот се наплаќа 4.000 денари.

Димензии на производите

Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат;
Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел;
За информации околу димензиите и пакувањата на производите, продажниот персонал стои на располагање на секој купувач;
Доколку димензиите на нарачаниот производ, по нарачката, не одговараат на просторот каде треба да се внесат, Мебел-Ви не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на товар на купувачот.

Рокови на испорака

Главна определба на Мебел-Ви е брза испорака на своите производи до купувачите;
Рокот на испорака на производите зависи од видот на производ, односно од тоа дали се нарачува готов производ или се нарачува производ по изработка, и изнесува до 25 дена;
За производи за кои е потребно поголемо време за изработка и достава се известуваат самите клиенти пред склучување на нарачката;
Максимален рок за чување на купената роба на клиентот во нашите магацини изнесува 45 дена.

Начин на плаќање

Плаќање во готово - Кога се склучува нарачката се плаќа целиот износ или одреден процент како аванс а остатокот се доплаќа на денот на достава на мебелот;
Плаќање на рати без камата со кредитни картички – овозможено преку картиците на Стопанска банка, без камата, до 12 рати;
Плаќање на рати преку договор за соработка – Мебел-Ви има склучено договори за соработка со многу институции, синдикати и претпријатија со кои се овозможува вработените во тие субјекти да пазаруваат на рати во нашите салони.

Рекламации

Купувачот може да пријави рекламација до салонот за мебел по писмен или усмен пат;
Продавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по приемот на рекламацијата да даде свое мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблем;
Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 25 дена да ја отклони рекламацијата со поправање или замена на производот;
Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара надомест од купувачот;
Продавачот е одговорен за робата само во гарантниот рок до 12 месеци. Продавачот не одговара за робата која е подигната со сопствен превоз и/или извршена монтажа од трети лица, освен во случај на технички проблем.