Водич / Како да ја одберете вистинската релакс фотеља

Исклучителна удобност, супер карактеристики, повеќе функционалности – се само неколку работи што ги добивате со купување на релакс фотеља.
Во последно време популарноста на релакс фотељите е во пораст. Начинот на кој фотељата користи ограничен простор за да Ви обезбеди максимална удобност е навистина извонреден.
Па така, ако купувањето релакс фотеља е мудар избор, изборот на вистинската и соодветната фотеља е предизвик. Потребно е да проверите и да видите дали фотељата одговара на вашето тело и на вашите услови за удобност. Погрешен стол/фотеља може да ви донесе повеќе здравствени проблеми како што се болки во грбот, лошо држење на телото, итн.
Специјално за Вас подготвивме список со совети што мора да ги имате во предвид за да изберете релакс фотеља која ќе биде соодветна за Вас.


1. Колкав е Вашиот простор?

Пред да започнете да барате релакс фотеља, измерете ја вашата дневна соба за да добиете јасна претстава за просторот во кој треба да ја поставите. Релакс фотељите се достапни во повеќе големини. И бидејќи ќе ви треба и дополнителен мал простор за да ја отворите и спуштите фотељата, паметно е да го измерите расположливиот простор и соодветно да се одлучите за релакс фотеља.



2. Уверете се дали Вашето тело се вклопува како што треба
(како што Вие сакате)

Сите модели кои ги нудиме се одлични, но не секоја одговара на вашиот тип на тело. Кога гледате релакс фотељи, поминете некое време седејќи во нив и забележете како тие се вклопуваат со вашето тело. Дали нозете се допираат до подот додека седите? Дали сте во можност удобно да ја потпрете главата на потпирачот за глава? Овие работи се важни ако сакате најдобро искуство со релакс фотељата. Забележете дали потпирачот за нозе ги поддржува вашите потпетици на правилен начин. И лумбалната поддршка мора да биде совршена, т.е. не премногу мека и премногу тврда.

 

3. Одберете ја вистинската ткаенина (штоф/природна кожа/еко кожа)

Ако ткаенината oд која е изработена вашата релакс фотеља не Ви е пријатна и удобна, тешко дека некогаш ќе се опуштите во неа.
Одберете тоа што Вам највеќе ви одговара.
Ткаенината (штоф/природна кожа/еко кожа) мора да ги задоволува вашите барања и очекувања, но и да одговара на вашиот предвиден буџет. MONDIVI нудат квалитетни релакс фотељи по најдобра цена за релакс фотељи во Македонија.


4. Одберете максимален квалитет и издржливост
Купувањето  на релакс фотеља е добра инвестиција. Сепак, треба да купите добра и квалитетна релакс фотеља која ќе ја користите подолго време. Затоа, при купување на релакс фотеља обрнете внимание на следново:

  • 4- страна рамка. Некои релакс фотељи имаат двострана или тристрана рамка, што е во ред, но овие фотељи немаат добра издржливост кога се под притисок. На пример, повеќето луѓе вршат притисок со рацете на својата фотеља додека стануваат. Оваа практика може да предизвика двостраните или тристраните рамки да се искриват, разделат и да се истрошат предвреме. За да направите простор за дополнителна толеранција и поголема издржливост, вашата фотеља треба да има 4 странични рамки.
  • Мрежен слој: Потребно е да има убаво дефиниран мрежен слој помеѓу пружините и перниците на Вашата релакс фотеља. Овој слој е важен затоа што ја извршува работата на распределување на тежината рамномерно на површината за да не дојде до абење на седиштето поради пружините.
  • Севкупна конструкција: Додека ја разгледувате фотељата, погледнете одблизу колку добро е конструирана истата. На пример, видете дали рачките се лесни за употреба и ракување. Каков вид на завртки се користени за производство и дали моторите се тивки или не.

5. Одберете го Вашиот тип Релакс Фотеља

Кога станува збор за избор на тип на релакс фотеља Mondivi_Relax нуди повеќе опции. Може да купите со електричен или механички релакс механизам, можете да одберeте лифт механизам итн.
Во зависност од тоа каде планирате да ја поставите во вашиот дом, релакс фотељата мора да обезбедува максимална удобност која Вам ви е потребна. 
Вистинската Релакс фотеља ќе биде вашиот најдобар пријател за цел живот.

MONDIVI-Relax е Вистинскиот избор!

Удобен одмор со MONDIVI-Relax!


 

Галерија