Жолтите дезени – дел од сонцето во нашите домови

Зошто жолтата боја повторно е актуелна во уредувањето на нашите домови? Затоа што е сончева боја, радосна, стимулирачка и ги осветлува нашите домови. Жолтите дезени внесуваат димензија на едноставност во сите простории на домот.

За да ја внесете оваа свежа боја во домот не мора да ја бојадисувате целата ваша куќа или стан. Со цел да ви ја олесни оваа промена, дел од понудата на MONDIVI ја освеживме и прилагодивме на овој нов тренд. Доколку не сте сигурни во ефектот на оваа боја, почнете со мала промена. Во некој случај доволно е да внесете и само едно парче мебел во просторијата за да го добиете ефектот на свежина и промена.

За дневната просторија, доколку не се одлучите за жолт дезен на гарнитурата за седење, предлагаме тв комода, модел 1551 со прилагодлива должина која одговара на секој простор. Самиот елемент е изработен од медијапан во комбинација на жолта, со бела и сива боја. Ова надополнето со клубска маса од истиот комплет совршено ја дефинира и нагласува свежината во вашиот дневен простор.



Доколку дневниот простор е отворен и споен со трпезарискиот простор, предлагаме да се внесе жолтата боја и во самата трпезарија. Ова може да го постигнете со жолт дезен на самата маса, заедно или издвоено со жолти столови.



Ве покануваме да ја погледнете целата колекција на MONDIVI Accessories, во Македонија достапна ексклузивно во продажните центри на Мебел-Ви како и на www.mondivi.mk.