Модерната Трпезарија – Простор за секоја пригода

Се сеќаваме на времето кога трпезариите беа само место за јадење, и скоро немаа никаква друга функција. Модерните трендови на уредување, како и промената на динамиката на живеење имаа големо влијание врз промената на улогата на овој простор.
 
Во денешно време трпезарискиот простор се наметнува како еден од централните простори во нашите домови, каде се случуваат повеќето од домашните настани. Многу често трпезаријата всушност влегува во целина со дневниот простор и како такви се надополнуваат.
Трпезариската маса како главен елемент го зема централниот дел од овие простории. Таа е главна точка дури и кога нема храна на неа. Играњето игри, пишувањето домашно, разговарањето со пријателите и работењето се само мал дел од сите активности кои се одвиваат токму на овој простор.
 
Тргнувајќи од гореспоменатите причини со желба да понуди комплетно решение, дизајнерскиот тим на MONDIVI се реши на надополнување на стандардната колекција која ги содржи  MONDIVI гарнитурите, со нова програма која дополнително ќе ви помогне и олесни во уредувањето на Вашиот дневен и трпезариски простор. Така се роди MONDIVI - Accessories.
 
MONDIVI Accessories содржи најмодерни, супер квалитетни производи од типот на тв комоди, клуб маси и трпезариски маси. Производите од оваа колекција имаат исклучителен дизајн, храбри дезени и неупадливи прави линии со цел совршено вклопување во секој тип на домашен простор. Во ова наше издание фокусот го ставаме на трпезарискиот мебел.
 
Потенцирајќи ја важноста на вашиот трпезариски простор, понудивме повеќе модели, во разни стилови, форми и големини за да ви помогнеме да го најдете токму она што ви треба.
Некои од моделите се со функција на продолжување, како би можеле во секоја пригода да имате место за вашите најмили или за вашите гости, а дизајниравме и модели во овална форма за просториите со помала големина каде правецот на движење низ просторијата е така дефиниран и каде е важно во помал простор да се сместат повеќе столови. Во однос на стилот нудиме решенија и за оние љубители на рустикален изглед, и за оние на кои дезените на дрво им се допаѓаат повеќе, но се повеќе нудиме и ултра модерни и практични модели за секоја модерна трпезарија.
 
За денеска ви издвојуваме два модела на трпезариски маси од MONDIVI Accessories, кои се дел од една поголема колекција на производи за целиот дневен/трпезариски простор.

Моделот Т802-1 е погоден за сите љубители на крем дезенот, кој во дискретна комбинација со орев дава ултра модерен, топол и шармантен дизајн на вашата трпезарија. Целата колекција е од медијапан во висок сјај надополнета со квалитетно калено стакло, со нагласени прави и широки линии. Со овој модел можностите за комбинирање на трпезариски столови се навистина големи. 




Наша препорака е комбинирање на овој модел со клуб маса и тв комода од истата колекција.



Моделот Т823 е креиран со цел да им олесни во изборот на луѓето кои сакаат поголем контраст во нивните простории но и поголем фокус на белата боја. Изработена , во основа, целата од медијапан висок сјај бела боја дополнета со калено стакло на сите елементи во контра боја, оваа колекција внесува свежина и светлина во секоја просторија. 


Бидејќи колекцијата 823 од MONDIVI Accessories вклучува повеќе елементи, препорачуваме комбинирање на овој модел со бифе, комода или мала маса од истата колекција.


Ве покануваме да ја погледнете целата колекција на MONDIVI Accessories, во Македонија достапна ексклузивно во продажните центри на Мебел-Ви како и на www.mondivi.mk

Благодариме за вниманието и за одвоеното време да ја прочитате оваа наша прва блог статија. Следете го нашиот блог редовно. Се надеваме на големо дружење, информативни текстови и многу новини.

Панче Стоименовски
Маркетинг Менаџер

MONDIVI - Дизајн. Удобност. Квалитет.